Милвоки Бакс го совлада Торонто Репторс со 104:99 во дуелот на двете првопласирани екипи од Источната конференција во НБА-лигата.

Брук Лопез со 19 и Јанис Адетокумбо со 19 поени и 19 скока беа најзаслужни за триумфот на Бакси.

На другите две средби одиграни ноќеска, Сан Антонио ја победи Јута со 110:97, додека Шарлот беше поуспешен на гости кај Њујорк со 119:107.