Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра.
Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.
Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.
Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош.
Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата.
Власта не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.