Албанската влада на денешната седница донесе одлука со која од идниот месец минималната плата се зголемува за шест илјади леки.

Со оваа одлука од 1 април минималната плата ќе изнесува 40 илјади леки што е зголемување за 17,6 отсто на досегашниот износ од 34 илјади.

Минималната плата во оваа земја последен пат беше зголемена во септември минатата година, но иако постојано се зголемува и понатаму останува најниска споредено со земјите на Европа.

Моментно таа изнесува 285, а со зголемувањето од 1 април ќе изнесува 336 евра.