Русија веќе има нуклеарно оружје во Балтичкиот регион, изјави денеска литванскиот министер за одбрана Арвидас Анасаускас како коментар на најавите на Русија дека ќе го зајакне воениот арсенал во регионот доколку Шведска и Финска решат да се присоединат кон НАТО.

Анасаускас рече дека руски нуклеарни ракети се распоредени во Калининград на Балтикот уште пред актуелната криза во Украина.

– Сегашните руски закани делуваат чудно кога е познато дека независно актуелната ситуација тие го имаат тоа оружје на сто километри од границата со Литванија. Нуклеарно оружје отсекогаш имало во Калининград. Меѓународната заедница, државите од регионот го знаат тоа. Оружјето се користи како закана, ја пренесуваат литванските медиуми изјавата на Анаскаускас.

Руската енлклава Калининград на брегот на Балтичкото Море се наоѓа меѓу копнената граница на Полска и на Литванија, и двете држави членки на НАТО.

Литванската премиерка, Ингрида Симоните рече дека не се ништо ново руските предупредувања за зајакнување на воениот арсенал во Балтичкиот регион, вклучвајќи и со нукеларно оружје.