Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска е дел од државната делегација, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година престојува во работна посета на Анталија, Република Турција, по повод учеството на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

На самитот, информираат од МЕРМС, ќе учествуваат светски лидери, претставници на влади и меѓународни организации, кои ќе разговараат за актуелните климатски предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.

-Учеството на министерката Божиновска е во насока на следење на глобалните процеси и иницијативи поврзани со климатските политики и енергетската транзиција, како и размена на искуства и соработка со меѓународните партнери во овие области, посочуваат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).