Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити за весникот Слободенн печат најави дека се разгледува можноста од блансерот да бидат избришани седумте отсто етнички неопределени граѓани и тие да бидат ставени во фуснота.

Сепак, според Алити, тоа ќе биде само визуелна промена, бидејќи сепак неопределените при вработување ќе треба да бидат пропорционално распределени. Ставот на министерот доаѓа откако Владата застана зад Алити дека во балансерот ќе се бројат и нерезидентните граѓани, но укажа дека треба од него да се извадат оние кои не изразиле етничка припадност, односно седум проценти од граѓаните.

– Балансерот не познава категорија неопределени. Сметам дека во практика ќе нема разлика и ако ги тргнеме од балансерот, бидејќи само визуелно ќе стои дека 54 проценти се Македонци, 29,5 отсто се Албанци…, бидејќи тие 7 проценти повторно ќе треба пропорционално да се распределат иако не се изјасниле, односно повторно при вработување во институциите 58 проценти ќе треба да се Македонци, 31,5 отсто Албанци. Се разгледува варијантата овие 7 отсто да се избришат од балансерот и неопределените да се стават во фуснота. Не сакаме од ова да правиме политика, изјави Алити за Слободен печат.

Според Владата балансерот бил направен согласно пописот во 2002 година.