Министерот за финансии на Велика Британија Џереми Хант нагласи дека Велика Британија ќе направи „сè што може“ за да го поддржи Израел во неговата борба против Хамас.
Зборувајќи за Скај њуз за време на неговото патување во Маракеш, Мароко, на годишните состаноци на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, Хант рече: „Мислам дека Израел мора да знае дека ќе направиме апсолутно сè што можеме и ќе (обезбедиме) апсолутно сè што им е потребно.
– Тие се наш сојузник, тие се демократија, ги споделуваат нашите вредности и ние треба да бидеме тука за нив, исто како што тие би биле за нас. нагласи тој.