Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски по состанокот со заменик-градоначалникот на Аеродром Дејан Митески најави отворање на нова Канцеларија за дигитални услуги „Една точка за услуги“ и за Управата за матични книги во општината.

– Нова канцеларија за “Една точка за услуги” и за Управата за матични книги во Аеродром! Заедно со заменик градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денес разговаравме за отворање на подрачни канцеларии за матично и за услуги во Аеродром. Како што најавивме и претходно, Македонија ќе се дигитализира, со цел граѓаните со помош на еден клик, услугите да ги добијат брзо, ефикасно и квалитетно, објави министерот Андоновски на неговата Фејсбук страница.

Минатата седмица Андоновски на гостување во телевизиска емисија ги најави плановите и ја истакна визијата за целосна дигитализација на јавните услуги, подигнување на дигиталната писменост на граѓаните и деловните субјекти и целосно интегрирање на системот е-услуги.

– Нашите клучни интервенции ќе бидат во насока на забрзување на дигиталната трансформација во земјата, унапредување на инфраструктурата и технологиите за дигитализација со следење на динамиката на промени на светско ниво, нагласи неодамна Андоновски.

М.П.