Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис ја обвини Русија за мешање во работите на земјите од Југоисточна Европа, особено во Црна Гора и Македонија, нарекувајќи го однесувањето на Москва „дестабилизирачко”.

Рускиот фактор во регионот на Југоисточна Европа е дестабилизирачки елемент. Русија доаѓа и ги поткопува демократските основи на земјите, кои се уште се млади во своите демократски процеси, кои беа ослободени како нации дури во последно време, изјави Матис пред новинарите, одговарајќи на прашање за улогата на Русија во настаните во Црна Гора и Македонија.
 

Според шефот на Пентагон „интервенцијата” на Русија се спроведува преку „лажни соопштенија преку медиумите”, а исто така по економски пат. „Ова, благо речено, не е од корист”, додаде министерот.