Изјавата на Доналд Трамп дека се сретнал со Путин два и пол пати предизвика низа шеги на социјалните медиуми.

„Ако имав врска со Путин- јас не го познавам- го сретнав два пати, можеби три пати, две и пол пати. Најголем дел од вас беа таму, се сретнавме на Г-20, ако можеме да развиеме врска, која е добра за Русија, за нас, за сите, тоа ќе биде одлично “.

Ова беше кажано од американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес-конференција со премиерката Тереза Мај во нејзината резиденција. Тој го изјави ова како одговор на прашањето дали неговото контроверзно однесување не е во корист на рускиот премиер Владимир Путин.