Американската економија цело лето продолжи со силен растеж, поттикната од значителната потрошувачка на граѓаните и владата.

Бруто домашниот производ (БДП) во третото тромесечје пораснал 2,8 отсто на годишна ниво, прилагодено на сезонски влијанија и инфлација, соопшти Министерството за трговија денеска. БДП е широк показател за производството на добра и услуги низ целата економија.

Ова претставува мало забавување во споредба со стапката од 3 отсто во вториот квартал и е под очекувањата на економистите за стапка од 3,1. Сепак, периодот од јули до септември ја означи продолжителната, речиси двегодишна низа на силен раст на американската економија, и покрај историски високите трошоци за задолжување. Ова се знаци дека економијата оди кон „меко приземјување“ и долгоочекуваното заздравување како во периодот пред ковид пандемијата.

Извештајот доаѓа шест дена пред претседателските избори, во трка каде што економијата би можела да биде одлучувачки фактор. За двајцата кандидати, демократката Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп, влоговите не ожат да бидат повисоки.

Економистите имаат тенденција да веруваат дека Харис би била подобра во контролата на дефицитот и инфлацијата; гласачите, пак, имаат тенденција да му дадат повисоки оценки на Доналд Трамп за очекуваното справување со економијата и инфлацијата.

Економијата ги надмина очекувањата неколкуте години под администрацијата на Бајден, сметаат набљудувачите. Долго очекуваната рецесија сè уште не се оствари, иако Федералните резерви агресивно ги зголемија каматните стапки за да ја намалат инфлацијата во годините по ковидот. Денешниот извештајот покажува дека економијата на САД сè уште е активна, со силна потрошувачка на граѓаните поддржана од робусен пазар на труд и стабилни деловни инвестиции.