Минисерството за одбрана на Србија ќе организира досега најголема изложба на оружје и воена опрема на аеродромот во Батајница на 22 април, во чест на Денот на српските вооружени сили, на кој ќе има речиси сè од арсеналот на српските вооружени сили.
Според „Вечерње новости“, од тоа министерство најавуваат дека тоа ќе биде единствен настан, не само по бројот на учесници и количината на воена опрема, туку и по обемот на прикажаните средства кои се во вооружувањето на вооружените сили, „најголемиот настан од ваков вид досега организиран“.
Весникот наведува дека ќе бидат прикажани стотици тенкови, различно оружје и борбени возила, противвоздушни системи, авиони, хеликоптери и дронови.