Социјалните мрежи ги преплавија лажни фотографии од наводно апсење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Тајмс.

На истите се гледа како Трамп се бори со полицајци и бега од нив, како Меланија Трамп и Доналд Трамп Помладиот викаат во знак на протест поради апсењето.

Елиот Хигинс, основачот на истражувачката група Белингкет, ги објави на Твитер оригиналните лажни фотографии, кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.