И денешниот обид да се најде решение за статусот на СЈО е неуспешен.
Во Министерството за правда се оддржа новата средба меѓу преговарачките групи на власта и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, на чие чело е Катица Јанева.
Средбата ја најави премиерот Зоран Заев, изразувајќи надеж дека ќе се постигне договор за законот за јавното обвинителство, бидејќи останаа уште малку денови до затворање на извештајот на Европската комисија.
Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби за законот за јавно обвинителство. Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите.
За усвојување на законот за јавно обвинителство неопходно е двотретинско мнозинство и тој е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.
Десковска: Ништо ново
Нема никакви поместувања во однос на разликите меѓу власта и опозицијата околу законот за јавно обвинителство, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, по завршувањето на новата рунда разговори за клучните прашања од реформата на правосудството.
-За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија, рече Дескоска од хотелот Мериот, каде треба да се оддржи конференција за борба против корупцијата.
Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите, односно двете страни најмногу спорат за членот 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разгоори.
Следната средба на работните групи е закажана за в петок.