Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи со Ковид-19.
Во Скопје-46, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-17, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-6. Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од: Скопје-10, Прилеп-2 и Тетово -1. Починати се пет пациенти, тројца од Скопје, еден од Куманово и еден од Тетово, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80 г.), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74 г.).
Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73 г.) примена на 11 јуни и пациентка (45 г.) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65 г.) хоспитализиран на 6 јуни.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241. Од вчера регистрираните, три теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 1.900, активни 1.239
• Куманово 645, активни 225
• Дебар 61, активни 10
• Штип 244, активни 202
• Прилеп 230, активни 20
• Тетово 429, активни 253
• Струга 136, активни 58
• Велес 153, активни 30
• Битола 34, активни 7
• Охрид 72, активни 54
• Кавадарци 7, активни 2
• Гостивар 69, активни 44
• Гевгелија 8, активни 4
• Струмица 9, активни 6
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4,
• Крушево 3,
• Кочани 55, активни 24
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 4, активни 3
• Виница 3,
• Делчево 1,
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 10, активни 9
• Кичево 3, активни 1
• Ресен 25, активни 24
• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 841 тест се преку: ИЈЗ –488 , ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –0, Биотек –0, Систина со PCR метода –105, МАНУ -95, Клиника „Жан Митрев“-131. Во денешниот извештај се внесени и вчерашните резултати од лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“. Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на Ковид -19.
Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид каде се потврдени четири позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.