На официјалниот профил на македонското Министерство за здравство денеска не сме ниту Република Македонија, ниту Северна, туку имаме ново име Република Македон!
Кога е сменето името на државата по третпат, не е јасно, но денеска тоа фигурира на официјалната страница на ова министерство. Откако од Министерството ни порачуваат да се вакцинираме, во воведот за страницата пишува: Министерство за здравство, Влада на Република Македон?
Тоа може да се види од приложените принт-скринови што ги објавуваме, а се направени денеска 20 април 2022 година во 13 часот и 30 минути.