Министерството за здравство соопшти дека по првпат од годинава обезбедени се средства за вложениот труд на приватните специјализанти и тие се префрлени на Универзитетската клиника за стоматологија.

– Процедурата за согласноста за вработување со договор на дело, преку кој ќе се исплаќаат приватните специјализанти е завршена во Министерството за здравство и во законски определениот рок, Министерството за финансии ги одобри согласностите. Приватните специјализанти по стоматологија ќе бидат целосно исплатени ретроактивно за нивниот вложен труд. Напоменуваме, за приватните специјализанти предвиден е буџет и за наредната 2019 година, односно ќе бидат исплаќани и следната година, стои во соопштението.