Белорускиот министер за надворешни работи, Владимир Макеј изјави дека Минск нема да ги затвори своите дипломатски претставништва во ЕУ во блиска иднина.
– Во оваа фаза не планираме да ги затвориме нашите претставништва во која било земја на ЕУ, но секако дека ќе ја следиме ситуацијата. Ние веруваме дека ЕУ може да биде нормален партнер на Белорусија, но за да се постигне тоа, потребно е да се вратиме на разумните основи на соживот кои постоеја до неодамна во нашите односи, истакна Макеј во интервју за агенција БелТА.
Шефот на белоруската дипломатија потврди дека на почетокот на оваа година се разговарало за „оптимизација“ на дипломатските канцеларии, но по состанокот за приоритетите во надворешната политика, тој нагласи дека не станало збор за затворање на одредени дипломатски претставништва во ЕУ.