Организаторите на овогодинешниот избор за Мис Интерконтинентал, кој се одржа во Египет, го исклучија Косово од понатамошното натпреварување откако нивниот претставник го покажа двоглавиот орел на сцената на генералната проба, неколку часа пред финалето, јавуваат белградските медиуми.
Според нив, агенција испратила официјален допис до организаторите, во кој барале итна реакција, а сопственичката на компанијата Мис Ју, Весна де Винка, побарала претставничката на Косово да биде санкционирана, а Косово да биде исклучено од натпреварувањето.
Организаторите одговорија дека девојката е предупредена и дека од следната година Косово, кое Египет како домаќин на натпреварот не го призна, нема да може да учествува на изборот за Мис Интерконтинентал.