Преубава и позитивна кампања, ова е оценката на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна единица Владо Мисајловски за изборната кампања.
Мисајловски истакна дека во првиот круг, на 24 април, направиле голема историја, па ги повика сите граѓани повторно да им ја дадат поддршката.
-Ве поканувам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Поддршка за Гордана Силјановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска огромна победа. Победа за сите граѓани, за поголеми пензии и плати, за проекти насекаде во сите општини, нагласи Мисајловски.
Посочи дека секој еден граѓани заслужува Македонија да биде горда и на секој од нас.
-Да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе сите на 8 мај, да направиме еден голем резултат за успешни проекти, потенцираше Мисајловски.
Тој изрази голема благодарност до сите граѓани за максималната поддршка и топлиот прием на сите средби кои ги имале изминатов период во рамки на изборната кампања.