Колега Павле Трајанов многу убаво стои тука информација за содржината на предлог преговарачка рамка. Треба да објасните кон јавноста, дали било кој заклучок кој што ќе биде донесе на овој или оној начин, ќе ја промени преговарачката рамка, вака му реплицираше пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на пратеникот Павле Трајанов.

-Ја на ова ќе ви кажам НЕ, нула проценти ќе се промени текстот, затоа ве прашуваме дали ако не се промени текстот ви ќе го поддржите ова или не. Многу легитимно, сите сме свесни дека собранието, убаво кажа и претходно Талат дека ова е информација со заклучоци, овде не се носи заклучок што ќе ја промени преговарачката рамка и затоа ве замолувам и вие да се изјасните, ама добро да се изјасните, дали било кој заклучок ќе промени нешто во овие документи, јас ви кажувам дека нема и затоа различни тонови има во медиумите, а вие давате различни изјави, а на крајот од денот добро кажувате, нема да поддржите ако овие заклучоци не се променат, јас ви кажувам дека со овие заклучоци апсолутно ништо нема да се промени.