Денеска, по повод 159 години од раѓањето на Македонскиот великан Ѓорче Петров, заедно со кандидатите за пратеници од Ѓорче Петров, Бојан Стојаноски и Габриела Калкова, како и градоначалникот Александар Стојкоски, го одбележавме 2 април – Денот на раѓањето на Македонскиот великан Ѓорче Петров, еден од најголемите револуционери, идеолози и афирматори на Македонската Револуционерна Организација.
Ѓорче Петров бил неуморен борец за македонската кауза за самобитна Македонија, а неговата животна парола останува вечно да не потсетува на нашето постоење: “Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ”!
Големо е неговото дело! Да го почитуваме!
Нека е вечен споменот!, пишува Мисајловски во својата објава.