Министерот за одбрана Владо Мисајловски пристигна во официјална посета на Словенија.

-Пријателска и сојузничка Словенија со која развиваме силна одбранбена соработка. Имавме одлична средба со мојот словенечки колега Борут Сајовиц и делегацијата од Министерството за одбрана на Словенија. Разговараме за зацврстувањето на регионалната и евро-атлантската безбедност преку заеднички активности и меѓусебна поддршка. Воедно се потпиша и билатералниот договор кој опфаќа бројни активности. Македонско – словенечката соработка е вистински пример за тоа како треба да соработуваат две земји кои имаат исти вредности и исти цели – стабилен регион, безбедно НАТО, порача министерот за одбрана.
Во Љубљана, министерот Мисајловски ќе се сретне и со Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.


Во главниот град на Словенија ќе биде потпишан и Планот за билатерална соработка помеѓу двете земји за 2025 година, а на гробиштата Жале во Љубљана, Мисајловски ќе положи венец со свежо цвеќе како почит кон паднатите словенечки борци во Десетдневната војна во 1991 година.
Во вилата Подрожник, министерот ќе им додели признанија на припадниците на словенечката полиција кои беа активно вклучени во борбата со пожарите на македонска територија минатото лето.