Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, Владо Мисајловски одржа прес конференција.
-Македонија е обоена во црвено од Кочани до Кичево, од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направја вистинскиот избор, со освоени 54 општини и Градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори, рече Мисајловски.
Тој истакна дека владината коалиција на овие избори докажа дека е повеќе од стабилна и легитимна со вкупно освоени 66 општини од вклупно 81.
-Оваа победа е голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати. Му благодариме на секој граѓанин што го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за нашата коалиција. Ветуваме дека нема да ве разочараме, нашиот образ мора да биде чист, а тоа ќе го направиме со работа и со проекти, рече Мисајловски.
Тој истакна дека историската победа и обединувањето на народот во Кичево поради што падна и Фатмир Дехари од ДУИ е благодарност на секој еден Албанец, Ром, Турчин, Власи, Срби, Бошњак и сите останати кои го дадоа гласот за Александар Јовановски.
-Обединувањето во Кучево е пример како се гради Македонија. Огромна победа во Брвеница на Јовица Илиевски, покрај сите дејствија кои ги превзема неговиот против кандидат, Јовица и жителите на Брвеница издвоија голема поведа, рече Мисајловски.




