Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, се огласи на социјалните мрежи по признанието на претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски кој призна дека било лага оти трасата на автопатот Кичево- Охрид била промашена.
-Пу, пу, не важи! Се што говоревте испадна дека е лага…Не сте вие на прав пат, туку вас ви е утната трасата, напиша Мисајловски на Фејсбук.