Триста новопримени професионални војници на македонската Армија денеска дадоа свечена заклетва во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“.

Министерство за одбрана
Министерство за одбрана

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој присуствуваше на настанот, истакна дека овие млади луѓе се новата сила, енергија и иднина на Армијата.

Министерство за одбрана
Министерство за одбрана

-Заклетвата што ја дадоа не е само формален чин, туку длабока и одговорна обврска за заштита на граѓаните, уставниот поредок и татковината – Македонија. Да се биде дел од македонската Армија е чест, но и голема одговорност. Ќе продолжиме посветено да работиме на унапредување на условите, стандардите и правата на припадниците на македонската Армија, со цел да градиме силна, професионална и мотивирана Армија, подготвена да одговори на сите безбедносни предизвици и да ја чува сигурноста на нашите граѓани, истакнува Мисајловски.