Министерот за одбрана, Владо Мисајловски по повод 18 Август, Денот кога се формира македонската Армија, се поклони пред борците кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија.

-Со воени почести положивме венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта и на вечните почивалишта на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски.

Нивната жртва и нивното дело се дел од нашата историја и наша обврска е да го чуваме споменот за нив. Нека им е вечен споменот, објави министерот за одбрана.