Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави денеска дека лидерите на ЕУ за време на Самитот во Брисел ќе разговараат за тоа како да се забрза поддршката за Украина и нагласи дека ЕУ е на страната на Украина и дека нејзината иднина е во Унијата.
– ЕУ е на ваша страна колку што е потребно. Знаеме дека ви е потребна поголема поддршка, поголема воена и финансиска помош. Тоа е итно, рече Мишел обраќајќи се пред новинарите пред почетокот на самитот на Европскиот совет, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Од друга страна, Зеленски укажа на опасностите од доаѓањето на зимата во време на војна и порача дека на Украина ѝ е итно потребна помош во областа на противвоздушната одбрана. – Секогаш е опасно кога доаѓа зимата. Затоа мораме да се подготвиме, истакна Зеленски пред почетокот на Самитот.
Нешто подоцна, за време на самитот на лидерите на ЕУ, Зеленски го претстави својот „План за победа“, а лидерите, покрај ситуацијата во Украина, ќе разговараат и за Блискиот Исток, конкурентноста, миграциите и надворешната политика.
фото: ЕПА