Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во интервју за неделникот „Журнал ду Диманш“, се осврна и на некои од прашањата што треба да се дискутираат на самитот на ЕУ во Версај на 10-11 март.
„Ќе разговараме за проширувањето на Европската унија, вклучувајќи ги и Грузија и Молдавија, дури и доколку тоа биде тешко и доколку предизвикува несогласувања меѓу нас. Ќе дискусираме во Версај за да ја разјасниме нашата позиција за европската иднина на нашите соседи“, наведе Мишел.
Претседателот на Европскиот совет се осврна и на прашањето за финансирање на испорака на борбени авиони за Украина.
„Ова е првпат да се занимаваме со снабдување со смртоносно оружје. Овие европски фондови, меѓутоа, не се наменети за финансирање на испораки на воени авиони за Украина“, рече Мишел.