Зошто во првото напишано Евангелие ја нема приакзната за раѓањето на Исус и зопто тоа зваршува со точка осум, а во него воскреснатиот Исус не се појавува никому?
Денес за никого не е спорно дека Евангелието по Марко е најстаро од тие во Библијата. Доказите се прилично јасни, а еден од најсигурните е дека и во Евангелието по Матеј и во Еванглието по Лука ќе најдете препишани делови од Марко – некогаш буквално, некогаш со мали измени, некогаш со поголеми.
Друг доказ е фактот дека Марко всушност се чита како прва драфт верзија. Матеј и Лука се читаат како нивните автори да имаат на ум поголем план. Марко се чита како некој да трчал да стави се што може на хартија, што е можно побргу.
Па, ако Евангелито на Марко е прво напишано, тогаш зошто не е прво и во Библијата? Веројатно затоа е што е груба драфт верзија, а во Никеја сакале како прво да постават Евангелие кое е малку пософистицирано, повнимателно напишано.
Плус, Марко е пократок од другите и во него нема некои од приказните кои ги има во другите евангелија. На пример, кај него ја нема приказната за раѓањето на Исус. Нема Божиќ. Можно ли е тоа? Можно ли е да го почнете Новиот завет без да имате во него Божиќ? И, кај првиот, оригиналниот Марко, има само неколку редови за воскреснувањето. Марија пристигнува кај гробницата, гробот е празен и…? И тука приказната завршува. Исус не се појавува.
Ваквиот несфатлив крај бил неприфатлив за некои подоцнежни христијани што сметале дека на Евангелието мора да му се даде вистински крај со вистински заклучок. Така се дошло до повеќе завршетоци на Евангелието по Марко.
Но, ајде да го видим оригиналниот крај на Евангелието по Марко или можеби поточно кажано, првиот крај на Евангелието според Марко.
Според оригиналниот, најстариот и најверодостоен манискрипт, Марко завршува со делот 16 точка 8:
„Па тие излегоа побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја“.
Значи, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија, во неделата наутро доаѓаат до гробот, гледаат дека каменот е тргнат, внатре седи млад човек од десната страна во бели алишта и им вели да не го бараат Исус Назареецот, распнатиот, оти тој воскреснал и додава:
„Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја, таму ќе го видите, како што ви беше рекол“.
Жените уплашени бегаат и тука е крајот.
Но, Евангелието има и подолг крај. Некои сметаат дека е напишан многу подоцна и додаден на оригиналот и е составен дел на многу англиски преводи денеска – Марко 16; 9-20. (Всушност овие точки се составен дел и на сите современи библии, вклучувајќи ја и нашата).
Има и подолга верзија од таа што ја среќаваме во Билбијата, а која среде додадените 11 точки го вклучува и ова:
„Ова е време на беззаконие и неверување и ова време е под власта на Сатаната, кој не дозволува вистината и моќта Господова да надвладеат над нечистите нешта во нашиот дух. Затоа сега откријте ја својата праведност – така тие му се обратија на Христа. А тој им одговори: Години беа исполнети со моќта и власта на Сатаната, но други ужасни работи се приближуваат. И за оние што згрешија, јас бев предаден на смртта, за да и се вратат на вистината и да не грешат повеќе, за да ја наследат духовната и непробојна слава на праведноста што е на небото“.Но, има и пократка верзија од оваа најдолгата, која завршува таму каде Марко запрел со точка осум, но потоа следи следното: „И сето што им беше заповедано, тие накратко им го рекле на оние околу Петар. Потоа, самиот Исус го испратил преку нив, од исток кон запад, светото и непрописното прогласување на вечното спасение.“Важно е да се запамети дека Марко е најраното евангелие, но не и најраното забележување на целата приказна. Луѓето обично сметаат дека ако Марко е првото евангелие, и ако во првата верзија нема други сведоци на неговото воскресение, тогаш подолгите верзии во остантите евангелија се измислени подоцна.
Но, тоа не е точно. Евангелието по Марко е напишано децении по првото Послание на Павле до Коринтјаните каде Павле нуди подолга верзија на настаните од таа вклучена кај Марко (се мисли на Евангелито по Марко кое завршува кај осмата точка). По упокојувањето и погребувањето на Исус, Павле напишал:
„Тој му се појави на Кефа (Петар), а потоа и на 12-теммина. Потоа им се појави на повеќе од 500-тини браќа и сестри, многу од нив се уште се живи, а некои умреа. Потоа му се појави на Јаков, потоа на сите апостоли.“
Павле го напишал Посланието веројатно 20 години по распнувањето на Исус, и иако тој никогаш не се сретнал со Исус, ниту бил сведок на настаните, тој се сретнал со сведоците. Клучно тука е дека тој на Коринтјаните не им кажува ништо ново, ништо што тие веќе не го чуле. Тоа е нешто во што христијаните веќе верувале (можете да читате „веќе знаеле“) децении пред Марко да седне и да ја напише првата верзија на Евангелието.
Поинтригантна е теоријата дека Евангелието по Марко, односно неговата оригинална верзија го вклучува и подолгиот крај, но дека таа верзија едноставно се загубила, односно се загубиле точките после точка осум. Ако знаете барем малку за тоа како и на што се пишувало во приот век од нашата ера, ова ќе ви изгледа многу веројатно и можно. Имајќи предвид дека три четвртини од Евангелието по Марко се препишани од Матеј и Лука и дека останатато е препишано кај едниот или другиот, тогаш може да се каже дека изгубениот крај од Евангелието по Марко всушност го имаме кај Матеј и Лука.
Но, има и друга линија на размислување за тоа како завршува Евангелието по Марко – таа е потешко научно да се пласира, но е позабавна бидејќи не води кон Кодот на да Винчи.
Фред Кларк