Најголемата јахта со едра на светот „А“ (S/Y A – Sailing Yacht A) на рускиот милијардер Андреј Мељниченко е закотвена во најјужното албанско пристаниште Саранда.

Тоа го соопшти преку Инстаграм албанскиот премиер Еди Рама.

Според податоците достапни на интернет, вредноста на оваа јахта изнесува 420 милиони евра, долга е 142,8 метри и има три јарболи со едра високи по 90 метри.