Надлежните институции втор ден не успеаа да се справат со најголемиот предизвик да се премости дигиталниот јаз во образованието. Министерството за образование и наука, освен бледото известување дека во тек се тестирања на платформата и дека се надеваат дека ќе се соочат со сите предизвици, остана немо на безбројните критики.
Ова беше истакнато од Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ во денешната изјава за медиумите.
– Поплаките на родителите, на учениците, а и на наставниците се многубрјни. Во овој момент се поставува прашањето дали учебната година воопшто ќе започне на 1-ви oктомври? Факт е дека следните неколку недели ќе се потрошат на дополнителни обуки. Време за имплементација, време за обуки на кадар, но не и време за пренесување на знаењето на учениците. Покрај безбројните проблеми со кои се соочуват сите, за жал ќе има и ученици, близу 40 илјади, кои од различни причини нема да можат да пристапат до платформата. За непречено следење на наставата беа наведени потребни спецификации кои уредот треба да ги поседува. Дополнително, тоа извлекува близу 20 илјади денари од семeјниот буџет, рече Митева.
Таа во продолжение додаде:
– На сите отворени прашања кои предизвикуваат конфузија националните координатори велат „илузорно е да веруваме дека од прво поставување се може да тече идеално“, бараат трпение од учениците, наставниците и родителите. Напротив, илузорно е да се доведуваме во ситуација на прифаќање дека образованиот процес можеби воопшто нема да започне. Оваа Национална платформа која се промовира како “нова” претставува компилација на веќе постоечки систем. Сеедно, би било добро барем да функцонираше. По правило, крајниот корисник, учениците и наставниците, не се користат за тест фаза. Владата на СДСМ носи одлуки базирани на притисок од јавноста, а не врз основа на јасен, концизен и стручен план. Контрадикторноста и промената на одлуки е нивна одлика, но платформи кои не функционираат нема да ни донесат резултати, рече Митева.