Злоупотребата на парите од страна на власта на СДС и ДУИ нема граници. Новиот оглас на ФИТР, чиј буџет изнесува 60.000 долари, предвидува дека имаат право да аплицираат само оние правни или физички лица кои се во добра состојба со властите во Македонија. ФИТР наместо да објаснува дали некој погрешно ги толку скандалозните услови, треба да знаат дека услови за аплицирање не се предмет на толкување на еден или друг начин, туку станува збор за јасни и недвосмислени критериуми наведени во оглас. А, критериумот „добра состојба со властите“ значи само едно – подобни се само нивните, истакнува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Иако јавноста знае дека оваа институција изминативе 7 години власт на СДС и ДУИ е бројна со скандали и иако беше јавна тајна дека овој критериум е задолжителен за добивање на гратови или тендери, официјалното маркирање на истото во јавен оглас е недозволиво кршење на законите и Уставот кој како принцип го застапуваат еднаков третман на сите при постапки за проекти финансирани од државата. Подобни се само оние кои се во блиски односи со властите е крајно дискриминаторска дефиниција, истата претставува сериозна загриженост од причина што дел од средствата на проектот се обезбедени преку меѓународните организации на нашите стратешки партнери. Власта на Ковачевски и Ахмети која сама себе се нарекува проевропска влада на дело покажува дека тоа им е само маска зад која се спремни да ги злоупотребуваат не само нашите, туку и туѓите средства, вели таа.
Митева посочува дека за овој проект, од вкупниот буџет кој изнесува 60 илјади американски долари, 40 илјади долари ги обезбедува Фондот, додедка 20 илјади долари се обезбедени преку странска организација.
-Ова е уште една потврда дека власта на СДС и ДУИ е спремна да ги злоупотребува и туѓите финансиски средства доделени за развој и унапредување, без притоа да имаат грижа и за реномето на државата пред истите тие меѓународни организации. Затоа, и денес ги поставуваме истите прашања: Кој е документот со кој апликантите ќе треба да покажат дека се во добра состојба со властите? Кој ќе ја прави евалуацијата и врз основа на кои критериуми ќе се утврдува дали е исполнет овој услов? Молкот на директорот Фестим Халили нема да придонесе да престанеме да бараме одговори, но и за истото да постои одговорност, посочува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.