Владата го повлече од собраниска процедура Предлог-законот за рестриктивни мерки од како што наведе административни причини и најави дека ќе го стави на дневен ред на следната седница, додека, опозицијата излезе со став дека ова е обид да за заштитат функционерите од Владата на СДСМ и ДУИ кои треба да бидат казнети.

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева денеска на прес-конференција праша од што се плашат СДСМ и ДУИ.

17 јануари 2022 

– Талат Џафери го повлече законот со кој треба да се казнат сите оние функционери и бизнисмени на владата на СДС и ДУИ. Што и објаснија од ДУИ на стратешките партнери за законот за црните листи? Дали можеби се смета дека ова не е европски закон? Зашто лажната европска коалиција на ДУИ и СДС се плаши. Тие треба да одговорат на овие прашања. Иднината што ја нуди СДС е иднина во која македонската партија е измеќар во владата и слепо служи на овие криминалци од ДУИ. Тоа е иднината со СДС. Со таква влада не 100, за 200 години нема да влеземе во ЕУ. Оттука  јасно е зошто на анкетите на јавно мислење на прашањето дали верувате дека владата може да не внесе во ЕУ до 2027-ма година, со „да“ одговараат само 4 посто од гласачите. Значи ни нивните поддржувачи не веруваат во ова што го зборува СДС, рече Митева.

Претходно, со соопштение реагираа и од БЕСА од каде оценија дека законот е повлечен „за да се заштитат криминалците потврдени и на црната листа на САД“.

ДУИ, после 18 години, се врати на темите што ги нарече затворени, додека ВМРО-ДПМНЕ им кажува на Албанците дека Северна Македонија во нивно владеење ќе биде само моноетничка држава.

-Талат Џафери го повлече законот со кој треба да се казнат сите оние функционери и бизнисмени на владата на СДСМ – ДУИ, кои Соединетите Американски Држави ги ставија на црната листа поради нивната вмешаност во финансиски криминал, главно со злоупотреба на позициите и се збогатија на грбот граѓаните. Многу бргу на ДУИ им паднаа маските. На виделина е фактот дека техничкиот премиер Талат Џафери решил технички да ги спаси криминалците потврдени и од САД, се вели во соопштението од БЕСА.

Владата вчера соопшти дека Предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки е повлечен од собраниска процедура поради административни причини од административни причини и додаде дека тој се очекува да се најде на дневен ред на следната владина седница на која треба да биде дадено ново одобрение.

Иранскиот новинар Рухола Зам, кој со својата работа во 2017 година поттикнувал протести во земјата, денеска е осуден на смртна казна, потврди судот.

– Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада, административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија, информираа вчера од Владата.

На 221-та владина седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени да ги достави до Собранието.

Измените во Законот произлегоа по проширувањето на црната листа на САД. Министерството за надворешни работи минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави тогаш министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување на два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

САД ги проширија санкциите против Иран со 16 дополнителни компании, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

„Црната листа“ на американскиот Стејт департмент минатата година се прошири со неколку звучни имиња од земјава. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Сергеј Самсоненко, Рамиз Мерко … им се придружија на поранешнот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков. По ова, Владата во ноември минатата година, најави дека работи на иницијатива за промени на законската регулатива во однос на третманот на лица кои се на листата на санкции, така што ќе се прошири опфатот и освен ОН и ЕУ да бидат вклучени и санкциите, кои ги воведуваат САД.

За важноста од поодлучно справување со корупцијата повеќе пати се огласија високи американски претставници, меѓу кои и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, која на брифинг со новинари кон крајот на минатата година го оцени како позитивен чекорот на Владата да предложи закон со кој автоматски ќе се отвора истрага во земјава секое лице кое ќе се најде на „црната листа“ на САД, што досега се практикуваше за листите на ЕУ и ОН, но и потенцира дека во земјава постои епидемија на корупцијата, која е присутна во сите пори на општеството.

-Има епидемија на корупција во оваа држава. Таа е во секој сектор, секоја организација, и само со именување на корумпираните актери ние можеме да почнеме да ѝ помагаме на оваа земја да се справи со тоа, рече Агелер, која во повеќе наврати одговарајќи на новинарски прашања не кажа дали ќе има проширување на листата.

На истото прашање не даде одговор, ниту американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан, кој беше во посета на Скопје на лидерскиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан минатата недела, а во интервју за МИА говорејќи за црните листи и нивниот реален ефект, рече дека тие се само дел од решението.

-Тие се само дел од решението. Важно е јавните добра да бидат достапни за сите, да има еднаква правда за сите, а не имунитет за некои и гонење на други, како и да нема фаворизирање при, на пример, доделување на тендери. Ова бара сосема нов пристап во многу владини процеси и изискува време. И во мојата земја беше потребно многу време за ова, но веќе сите ги гледаме реалните придобивки од водењето на такви политики. Санкциите и црните листи се само еден делче но истите се ефективни само ако станат дел од поширока промена во системот. Тоа е еден од аспектите што ќе го дискутираме и овде, рече О’Брајан за МИА.

Тој на заедничката прес-конфренција со поранешниот премиер Димитар Ковачевски, по состанокот на лидерите од Западен Балкан во врска измените на Законот изјави дека нема да коментира за законодавните процеси ниту на Северна Македонија, ниту на ЕУ, но дека прашањето за улогата на санкциите на САД во борбата против корупцијата е малку сложена.

– Тука имаме стратегии за решавање на фаворитизам на заробена држава, на корупција, проблеми коишто се случуваат во многу земји вклучително и во овој регион. Затоа сум благодарен што Владата ја започна оваа програма да работи на прашањето за корупција. Список си е список. Тој секогаш еволуира, секогаш се проценува. Целта е да видиме промена во однесувањето на поединците на списокот и оние коишто се поврзани со нив. Тоа некогаш значи дека ќе се додадат повеќе имиња на списокот или ќе нема некои имиња на списокот, но сепак е  алатка од една поголема стратегија. Она што сакаме да го видиме е луѓето да се навикнат да ги користат сите алатки коишто им се достапни за да се борат со корупцијата и да ја задржат таа посветеност при формирањето на новата влада, изјави О’Брајaн.

Северна Македонија годинава има скок во позицијата на Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2023 година и се ноѓа на 76 место со 42 поени, но согласно методологијата на Транспаренси интернешнл секој резултат под 50 поени се смета за неуспех во борбата против корупцијата, односно дека во државата има високо ниво на корупција.

Во Извештајот се нотира дека во септември 2023 година, Собранието на Северна Македонија значително го поткопало судството. Во нетранспарентна и брза постапка пратениците го измениле Кривичниот законик намалувајќи ги затворските казни и рокот на застарување на делата за злоупотреба на службената положба. Ова, се вели во Извештајот, ќе предизвика околу 200 сомнителни случаи на корупција да бидат отфрлени, од кои многу вклучуваат поранешни високи функционери.

Од вкупно 180 земји, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјава се наоѓа во друштво на Бахреин, Кина, Куба, Унгарија, Молдавија и Тринидад и Тобаго. Најголем скор и годинава има Данска со 90 индексни поени, по што следи Финска со 87 и Нов Зеланд со 85. Индексот на перцепција на корупција за 2023 година, генерално, покажува дека корупцијата напредува низ целиот свет. бак/ац/

Фото: МИА архива