Бојко Борисов вчера ги извади на улица своите приврзаници. Повод – одлуката Бугарија да везе во чекалната за евро – зоната, што значи дека е извесно дека по одреден период таа ќе го замени левот со евро.
Како што можете да видите да видите од фотографиите, има многумина на овие протести кои се без маски, како што има многумина и кои носат маски. Но, ако работата тука е пола-пола, за дистанцата не станува збор.
Погледајте го и човекот кој бз маска стои позади Бојко Борисов, а кој, според снимките и видеата, подоцна можне гласно го скандира името на бугарскиот премиер. Тој без маска, Борисов без маска, гласно скандирање – се на се, мошне пристојно однесување во време на криза.
Истовремено, на митинг се собраа и приврзениците на претседателот на Бугарија Румен Радев. Тука беше и полицијата, а фотографиите за маски и дистанца сами по себе доволно говорат.
И покрај се, досега Бугарија во споредба со нас добро се носеше со кризата со корона вирусот. Какво влијание ќе имаат овие собири иницирани од политиката за две недели, веројатно не треба да се претопоставува. Но, јасно е дека ако поради овие митии се појави зголемување на заразените во Бугарија, вината треба да се бара пред се кај политиката. Зашто, како што гледате, народот секаде се донесува слично.