Во интервју за Фокус, градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, Митко Јанлев, пројави амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ. Во интервјуто, тој истакнува:

Фокус: Вие бевте првиот што рече дека Мицкоски после поразот треба да си замине од ВМРО – ДПМНЕ. Дали вие ќе бидете новиот лидер на ВМРО – ДПМНЕ и како планирате да ја преземете партијата?

Јанчев: ВМРО – ДПМНЕ ќе дочека подобри денови, кои всушност ги чека одамна. Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад. Кога Митко Јанчев ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја.

Инаку на Јанчев очгледно не му пречи преименувањето на државата, па на прашањето дали не е потценувачки што бил наречен „потрошен кадар“ а бил еден од „ најдобрите градоначалници во државата“, тој одговара:

„Јас водам квалитетен и прогресивен град, граѓаните знаат да препознаат добри политики. Неговото потценување е потврда за неговата неспособност како лидер на најмоќната опозициска партија во Северна Македонија.“

Целото интервју на Митко Јанчев за „Фокус“ можете да го прочитате ТУКА.