Овој договор таканаречен за добрососедство отвори Пандорина кутија со проблеми кои веќе беа заминати, со нашиот источен сосед. Толку беше нестручно направен, еквивалент на празен лист хартија со три збора на него кои сега можат да се толкуваат на 1001 начин, а очигледно бугарската страна сака да се толкуваат на начин кој што не е добар за нашите интереси – македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Ова го истакнува пратеничката Рашела Мизрахи во интервју за порталот Курир.
– Заев требаше да истапи и да каже: „Не, ова се нашите црвени линии, ние имаме наша држава, наш народ, наш јазик и тие не се предмет на дискусија воопшто“. Од друга страна, следствено на разговорите за добрососедство дојде и прашањето за образованието и сега актуелната тема за предметот историја и учебниците, вели Мизрахи.
Мизрахи во интервјуто за Курир детално го анализира образовниот систем и измените кои власта цели да ги направи, а говори и на повеќе други теми.
Целото интервју со Рашела Мизрахи, погледнете го во продолжение: