ВМРО-ДПМНЕ има јасен став во однос на уставните измени. Предолго без да бидат вклучени сите политички субјекти се ветуваше влез во НАТО и ЕУ. И приказната со НАТО им помина, но оваа со ЕУ тешко оди се прифаќаат работи кои не ги ни споменале пред граѓаните, рече Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на Утрински брифинг.
Според Мизрахи и Преспанскиот договор беше за влез во НАТО и ЕУ, потоа следеше Договорот со Бугарија кој не направи лоши соседи.
– И така преговарачката рамка се сведе на тоа – само уште ова. И сите тврдат дека ова е само едно од низата на – само уште ова. Така рамката се сведе на тоа да се зборува за нешто што е надвор од европски вредности. Да, во ЕУ има промени има промени во преговарачката рамка, но ова што се бара од нас е сосема поинаку, рече Мизрахи.
Пратеничката укажа дека мандатот партијата го добива од граѓаните. Оттука додаде таа, ние немаме мандат за уставни измени.
-Идентитетот не е физички објект, па некој да го одземе. Ова е прашање на самоспознание, или да поедноставам идентитетското прашање не е само самоспонзнание, туку и вие како ме гледате мене. Или како го гледам тоа со Бугарија. Бугарија ни вели внесете ме во вашиот имотен лист, ама јас не ве препознавам, значи на крај бидејќи не ве препознавам, во тој имотен лист ќе сум само јас. И треба многу внимателно да се работи на ова и на преговори треба да бидат повеќе страни, заклучи Мизрахи.