Млада жена падна од 6-ти спрат попладнево во Скопје, дознава КУРИР.

Несреќата се случила во скопската населба Бутел, на улицата „Босна и Херцеговина“.

Жената со возило на Брза помош била однесена во болница, а на лице место е излезена полициска екипа.

Очевидци за КУРИР велат дека во моментот кога дошла Брзата помош, жената била жива, но во многу тешка состојба.

Од МВР потврдиле дека жената била во бессознание кога пристигнала итната помош и дека била пренесена во болница.