На вечерашнава трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид говореа повеќе членови на партијата. Така, градоначалникот Пецаков истакна дека во неговата работа се чувствува отсуството на поддршка од централната власт, но сепак, иако ја наследил општината со долгови, со домаќинско и одговорно работење, реализираат проекти за граѓаните на Охрид.

Зоран Љутков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Охрид на тема култура и туризам посочи дека во последните шест, седум години нема некоја култура, бидејќи сите министри си тераат некоја своја политиката во областа на културата.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја става како главен столб културата. Кога ќе правам некоја компарација меѓу што направило ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Се изгради нов објект на МНТ, објект на Филхармонија, Археолошки музеј на Македонија, објект на Музеј на македонската борба за државност и независност, нов театар во Велес, Спомен куќа на Мајка Тереза, нов објект на Турски театар и како оставивме така и остана сега нешто почнаа да работат како им доаѓа крајот. Ова се големи инфраструктурни објект. Сега не само што нема изградено, туку и тие направените не се одржуваат. Седма година сме сведоци дека нема никакво подобрување“, рече Љутков.

Стојкова Серафимовска истакна:

„Ние сме навистина исклучително богато поднебје со културно наследство и тоа го знаат сите па затоа мора да се менуваат закони како што беше последниот пакет на закони што се менуваше за нечиј криминал затоа што знаат сите дека во Македонија не може да копнеш некаде, а да не најдеш нешто“, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам“.

Таа посочи дека културното наследство е нашиот идентитет и она што ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе го прави е дека ќе се грижи, зачувува, заштитува, промовира и брендира културното наследство во три столба.

Мими Ѓоргоска Илиевска, претседател на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Охрид на тема култура и туризам рече дека културата е паметење и ги сублимира историјата, обичаите и навиките.

„За да имаме квалитетна култура потребна е јасна, треба културна политика. Здравата културна политика треба да ја искористи цивилизациската можност и да му понуди на времето делата кои се создадени да не бидат избришани“, тече Ѓоргоска Илиевска.
Ѓоргоска Илиевска чија експертиза е во областа на филмот рече дека бардот на македонската кинематографија, Љубиша Георгиевски со една реченица објасни што живееме, таа е „систематски оневозможуваната акумулација на духовните добра значи дисконтинуитет на сеопштиот развој“.

Македонија е мајка и кстосница низ која што поминувале различни народи, различни освојувачи, добронамерници, многу од нив оставиле своја трага, многу од нив земале од тука и однеле на друго место. Но сепак, Македонија останува вечна, непроменета, исконска, силна, позитивна и непресушен извор на една голема, би рекла универзална севселенска енергија која што е задржана и целосно преточена во генетскиот код на најубавиот писар на Макеоднија, тоа е Охрид, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска од денешната трибина во Охрид во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“, на тема „Политики за силна култура и развиен туризам“.