Ние студентите не се плашиме ниту од режимот, ниту од хунтата, ниту пак од било која диктатура, објавија пред малку на својот Фејсбук профил „Млади за Македонија“, на кои повторно, како и во повеќе наврати, им се уништени штандовите на кои го промовираат своите идеали и погледи за иднината на Република Македонија.
– Ни ги кршите штандовите и ни ја саботирате кампањата за бојкот, но тоа не прави посилни. Вие можете да ја злоупотребувате полицијата до максимум, но да знаете дека бојкотот ќе победи. Не ви се плашиме! Никогаш Северна, секогаш Македонија, се вели во објавата на „Млади за Македонија“.