Социјалдемократската младина на Македонија денеска на конвенција го избра Дарко Каевски за нов претседател.

Каевски беше единствен кандидат, а тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Стефан Богоев.

Тој рече дека младите се за европска Македонија и оти тоа ќе го покажат на 30 септември.

– Пред нас се клучни денови за нашата иднина. Имаме историска шанса да ја обезбедиме иднината како полноправна земја членка на НАТО, а потоа и на Европската унија. За тоа е потребен успешен референдум на кој граѓаните ќе се определат За европска Македонија, истакна Каевски.