Младите битолчани за в петок најавија протестен марш во Битола, на кој ќе бараат итни мерки против загадувањето кое станува неподносливо.
– Време е и битолските средношколци да покажат дека им е доволно од дишење отровен воздух! Дојдете в петок (20 декември 2019 г.) во 12:30 часот пред зградата на општина Битола и марширајте со нас до хотел Епинал. А потоа назад до општината, со што ќе покажеме дека бараме итни мерки за намалување на аерозагадувањето. Носете плакати или транспаренти на кои ќе го покажете вашето незадоволство, пишува во соопштението на нивниот профил на Фејсбук.