Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска оцени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто.
Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи.
„Суспендирањето на договорот за извоз на украински жита најверојатно ќе влијае на поскапувањето. Се уште проценуваме колку ќе биде поскапувањето, но сметаме дека е разумна проценка дека поскапувањето ќе биде во опсег од 10 до 15 проценти“, рече Гуринчас.