Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на Украина во Македонија, Наталија Задорожњук денеска потпишаа спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји, со која се очекува да се даде особен придонес за натамошно интензивирање на севкупната соработка, особено на економски план, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и за развој на туризмот.

– Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу С. Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на двете земји, носители на биометриски патни исправи, влез, транзит и краткорочен престој од 90 до 180 дена без виза, соопштија од прес-службата на Министерството за надворешни работи.

На средбата меѓу Димитров и Задорожњук  биле потврдени традиционално добрите односи меѓу Македонија и Украина, а  се зборувало и за актуелни прашања од заемен интерес.