Со вакво темпо на ратификација до крајот на годинава ќе бидеме во НАТО. Еве што значат телефонските разговори и личните средби на премиерот Зоран Заев со светските државници, истакна на денешната прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Врвните национални и државни интереси се остваруваат, РС Македонија станува 30 земја членка на НАТО. Вчера, Чешка и Турција го ратификуваа Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО Алијансата. Досега 20 земји челнки од вкупно 29 го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз на светот. Со ваквото темпо на ратификација очекувано е до крајот на годината и официјално да станеме членка на НАТО и нашето знаме да се вее пред седиштето во Брисел. Еве што значат телефонските разговори и личните средби на премиерот Зоран Заев со светските државници. Ете ги резултатите од одговорното, чесното и транспарентно работење на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, рече Костадинов.

И додаде: Ете од каде се фрустрациите кај Мицкоски, од успехот на Зоран Заев.

– Додека фрустрираниот Христијан Мицкоски дејствува против државните интереси, премиерот Зоран Заев  ги брани националните и државни интереси.  Додека ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и процесите и напредокот, СДСМ дејсвува и се залага напредокот да продолжи. Членството во НАТО е извесно и сигурно. Тоа е важно за безбедноста и стабилноста на државата, но и на регионот. Но освен безбедност и стабилност, членството во НАТО носи и бројни економски придобивки. Имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции од 737 милиони долари, имаме зголемување за 200 проценти на грин филд инвестициите.  Со членството во НАТО очекувано е инвестициите да продолжат да растат. Имаме рекордно ниска невработеност во државата од 17,8 проценти, со членството во НАТО невработеноста дополнитено се намалува, а економијата забрзано да расте и да се развива. Зборот важи. По години изолација, ја вративме државата на вистнскиот пат, на патот кој води кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ, рече портапролот на СДСМ.