Министерството за надворешни работи ги оцени информациите што ги објавија медиумите дека не било прифатено барањето за агреман за амбасадор на нашата земја во Европската Унија како шпекулации.
Порталот МКД.мк, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека за претставник на земјава во ЕУ била предложена поранешната вицепремиерка и градоначалничка на Тетово Теута Арифи, но дека овој предлог не добил агреман во Брисел. Веста ја пренесоа повеќето македонски медиуми.
Како што посочуваат од МНР, таков предлог воопшто не бил испратен во Брисел.
-Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел, од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што сѐ уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор, се вели во реакцијата од МНР.