Вечерва на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа мирен протест на просветни работници, незадоволни од одлуката на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за ставање на штрајкот во мирување, а што било спротивно на ставот на членството на синдикатот, известува битолска ТВ Тера.

Од протестот побараа ново раководство на СОНК кое ќе ја почитува вољата на членството.

Рекоа дека особено се револтирани заради ваквиот потег на Неделков што во третата недела од штрајкот кога сите биле единствени и сплотени, преку ноќ да донесе одлука за прекин на штрајкот.

Притисоци имало, дури и денеска да не се оди на протест. Револтирани се заради изјавата на Неделков дека биле некаква марионета, а не се согласуваат дека на ваков начин се ослабнувале позициите во преговорите со Владата, како што тврди првиот човек на СОНК.

Им се заблагодарија на родителите кои имаа разбирање на нивните барања, а со аплауз ги поздравија и оние кои за цело време ги критикувале.

фото и прилог ТВ Тера