Во организација на Министерството за надворешни работи, денеска во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот – Скопје, ќе се одржи комеморативно одбележување на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.
Домаќин на настанот ќе биде заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a ќе се обратaт и министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи, претседателката на Собранието на Еврејската заедница во Република Македонија, Радојка Хелман-Денковска, амбасадорот на Грција во својство на земја-претседавач со ИХРА, Русос Кондурос, заменик шеф на Мисија во Амбасадата на САД, Ерик Мејер и координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот, Катарина фон Шнурбеин.
По обраќањата на високите гости, како што соопшти МНР, следува панел дискусија на тема „РС Македонија – 35-та членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА): активности и мерки во борбата против искривоколчувањето на холокаустот и антисемитизмот и улогата на ИХРА во овие области”.
На настанот ќе присуствуваат амбасадори и други претставници на дипломатскиот кор, претставници на државните институции и академската заедница.