Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја денеска во паркот во Чаир ќе засадат 13 дрвја, по повод 13-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Косово.

Засадувањето на дрвјата, како што велат од Министерството за надворешни работи, е симболично одбележување на одличните добрососедски односи, традиционалното пријателство и тесната врска меѓу граѓаните на двете држави.

Настанот, информираат од МНР, се организира на иницијатива на Амбасадата на Република Косово.